Кина во саботата објави дека се противи на употребата на воена сила по нападот кој го изведоа САД, Велика Британија и Франција, и побара враќање во рамките на меѓународното право.
„Се противиме на постојаното употребување сила во меѓународните односи и го поддржуваме почитувањето на меѓународниот суверенитет и територијален интегритет на сите земји“, изјави Хуа Чунјинг, портпаролка на кинеското министерство за надворешни работи.
„Ги повикуваме сите страни да се вратат во рамките на меѓународното право и да ја решат кризата со дијалог и преговори“, додаде во соопштението објавено на страницата на министерството.
„Секоја еднострана воена акција којашто го заобиколува Советот за безбедност при ОН е во спротивност со елементарните начела и норми на меѓународното право, и само ги компликува решението на сирискиот проблем“, порачува Хуа.
Додава дека „политичкото решение е единственото можно“, потсетувајќи дека Пекинг бара „целосна, праведна и објективна истрага“ за наводниот хемиски напад во Сирија, како и дека „ниедна стана не смее да ги прејудицира резултатите“ од истрагата.