Кина размислува за антидампинг давачки за увоз на толуидин од ЕУ

Кина ќе ги преиспита антидампинг давачките за увозот на толуидин од Европската унија, соопшти во четвртокот Министерството за трговија, сигнализирајќи дека може повторно да ги продолжи во заднината на зголемени трговски тензии и истраги со ЕУ.

Во 2013 година, Пекинг воведе антидампинг давачки за увоз на толуидин од ЕУ во опсег од 19,6 до 36,9 отсто, а во 2019 година ги продолжи за уште пет години, се вели во соопштението на Министерството.

Толуидин е органска хемикалија која се користи во производството на бои, лекови и земјоделски хемикалии.

Царинити истекуваат во петок и министерството најави анализа.

Доколку одлучи да ги продолжи за уште пет години, „Lanxess Deutschland“, сепак, ќе мора да плати давачка од 19,6 отсто, а другите компании ќе треба да плаќаат царина од 36,9 отсто.

Овој потег би можел дополнително да ги зголеми тензиите во односите меѓу ЕУ и Кина, кои достигнаа врв откако Брисел објави дека би можел да воведе царини за увозот на електрични автомобили од азискиот гигант од почетокот на јули поради „неправедните субвенции“ за производителите. За возврат, кинеските компании побараа зголемување на царините за увоз на бензинци од ЕУ со зафатнина на моторот поголем од 2,5 литри.

Кина веќе отвори истрага за увоз на европско свинско месо, млеко и млечни производи, откако домашните производители се пожалија дека нивните европски конкуренти се во предност поради државните субвенции. ЕУ, пак, отвори истрага за увоз на голем број кинески производи, а ги проверува и понудите на кинеските компании на јавните тендери на земјите-членки.