Повеќе од 500 пратеници во еден кинески град поднесоа оставка поради земање мито, додека уште пет пратеници се разрешени од должноста поради давање мито, јавија денеска кинеските медиуми.
Официјалната новинска агенција Синхуа наведува дека вкупниот износ на мито кој го примиле кинеските пратеници во градот Хенгјанг во сиромашната јужна провинција Хунан изнесува повеќе од 18,1 милион долари. Тие пари биле употребени за местење на изборните резултати, пренесува Ројтерс.
Синхуа наведува дека престапниците во овој случај ќе бидат предадени на судските власти.