Кина објави во четвртокот дека е активно вклучена во посредувањето во насока на ставање крај на насилството меѓу Израел и Палестинците.
Кинескиот специјален пратеник на Блискиот исток, Џаи Јун, разговараше со претставници на палестинското и египетското министерство за надворешни работи, а исто така ќе разговара со претставници на Израел, Русија, Обединетите нации, Европската унија и други страни, изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Џао Лиџен.
Според него, специјалниот пратеник повикал на итен прекин на огнот, ветувајќи им помош на Палестинците и повторувајќи ја цврстата определба на Кина за решение за две држави.
Портпаролот додаде дека Пекинг би сакал да биде домаќин на преговорите меѓу двете страни во Кина и дека е подготвен да обезбеди хуманитарна и други видови помош на палестинската страна во рамките на своите можности.