Семето кое беше однесено на Месечината од страна на кинеската мисија Чанг’е-4 го пушти првиот лист, соопштија од Националната вселенска администрација на Кина.
Зелената пупка која се појави од памучното семе, што беше положено во контејнер со хранлива структура специјално обликувана во форма на решетки, е видлива на серијата фотографии кои беа објавени од страна на Институтот за напредни технолошки истражувања на Универзитетот Чонгкинг.
„Сакаме да го проучиме процесот на „дишење“ на семињата и фотосинтезата на Месечината“, изјави во декември Лиу Ханлонг, главниот директор на експериментот и потпретседател на Универзитетот Чонгкинг.
Очигледно опитот досега дава одлични резултати.
Инаку, растенијата се наоѓаат во запечатен контејнер на бродот и целта е да се формира мини биосфера – вештачка, самоодржлива животна средина.
Ова е првпат биолошка материја од кој било вид да порасне на Месечината и се смета за значаен и голем чекор кон долгорочно истражување на вселената.
„Ова е еден мал чекор за човекот, но голем скок за човештвото“, гласи цитатот на Нил Армстронг кога стапнал на површината на Месечината.
Дали е ова големиот лист за човештвото?