Кина со коронавирусот го изврши најтешкиот напад, ова е полошо и од Перл Харбор и од 11 септември, истакна Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, го оквалификува коронавирусот како најлошиот напад на земјата во историјата. Тој истакна дека овој напад на Кина со коронавирусот е полош дури и од тој на 11 септември 2001 година кога беа срушени Кулите близначки во Њујорк со киднапирани два авиони, како и уште еден авион кој се урна директно во Пентагон.

„Поминуваме низ најтешкиот напад што оваа земја го има видено. Ова е полошо од Перл Харбор, полошо и од нападот на Светскиот трговски центар. Никогаш немало ваков напад врз земјата. И тој никогаш не требаше да се случи. Можеше да биде запрен во изворот, ама Кина не го сопре. Не го направи тоа што требаше“, рече Трамп кој на прашањето дали смета дека ова е војна, тој истакна:

„Нашиот непријател е вирусот, не Кина. Ние се бориме против невидлив непријател“.