Кинеската армија испратила 22 воени авиони и 14 бродови кон Тајван на четвртиот дел од големите воени маневри, објави во неделата вечерта на својот Twitter островот кој Пекинг го смета за своја одметната покраина.
Во објавата од Тајпеј се прецизира дека Пекинг на прелет кон средишната линија на Тајванскиот теснец, која ретко се преминува, испратил три бомбардера од типот „H-6“, четири ловци „Ј-11“, шест од типот „Ј-16“ и осум повеќенаменски ловци „Су-30“, како и противподморнички авион „Y-8“.
Тајванското министерство за одбрана ја подигнал готовноста на вооружените сили, подигнале воздушни патроли за следење на ситуацијата, а исто така ги активирала и противвоздушниот ракетен систем. Само во последното деноноќие, тајванската одбрана регистрирала 66 летови на различни модели воени авиони од континентална Кина.
Претходно во неделата кинеската државна телевизија CCTV објави дека отсега во иднина Народноослободителната армија на Кина ќе спроведува редовни воени маневри источно до „средишната линија“ на Тајванскиот теснец. Во прилогот се додава дека сегашните воени маневри докажале дека не постојат „ткн територијални води на Тајван“, како и дека исто така „островот е дел од Кина, а кинеската флота плови во сопствените територијални води“.
Во четвртокот кинеската армија започна масовни воени вежби со стрелби со боева муниција, лансирање балистички проектили кои паднаа во ексклузивна економска поморска зона на Јапонија. Ваквата реакција на Пекинг беше одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, на што кинеската страна жестоко се противеше. Оваа посета на една од највисоките политички фигури на САД на Тајпеј, од што администрациите во Вашингтон се воздржуваа последните 25 години при демонстрација дека се придржуваат на зачувување на „статус-квото“ и принципот „една Кина“, а за Пекинг тоа претставува нарушување на кинескиот суверенитет и територијален интегритет.
Освен изведувањето на масовните маневри од 4-ти до 7-ми август, Пекинг воведе санкции против две тајвански фондации, за Ненси Пелоси и нејзиното потесно семејство, и ја прекина дипломатската соработка со Вашингтон во осум витални области, како и во трговијата со повеќе видови стоки. Според кинеското министерство за надворешни работи, сите негативни последици од посетата на Пелоси допрва ќе се почувствуваат а за нив одговорноста ќе ја сносат Вашингтон и Тајпеј.