Кина: Во пожар во центар за боречки вештини загинаа 18 деца

Во пожарот кој избувнал во петокот во центар за борешки вештини во Кина загинале 18 лица, а државните медиуми јавуваат дека речиси сите од жртвите се деца кои престојувале таму.

Пожарот избувнал околу 3 часот утрото по локално време и подоцна бил изгаснат, објави на својата мрежна страница владата на округот Жеченг во покраината Хенан.

Причината за пожарот во кои се повредени уште 16 лица, од кои четири се во критична состојба, сѐ уште не е позната, соопштија покраинските власти. Додаваат дека веднаш е приведено лицето кое било одговорно за овој центар.

Повеќе од настраданите биле ученици на возраст меѓу 7 и 16 години, кои престојувале на вториот кат од центарот, се наведува во извештајот на порталот Peking Youth Daily, но овој извештај подоцна беше избришан од интернетската страница на овој дневен весник.

Пожарите во Кина не се реткост, главно поради непочитувањето и лошите безбедносни протоколи и градењето при кое не се почитуваат стандардите.

Во еден од најстрашните пожари во земјата, 309 луѓе загинаа во ноќен клуб во градот Луојанг, исто така во покраината Хенан, во текот на прослава на католички Божик 2000 година. Тогаш повеќето од жртвите се задушиле во преполната сала за танцување која се исполнила со чад, која имача само два излези за итни случаи, немало противпожарен ситем, ниту аларми за чад.