Кина воведува царини на стотици стоки од САД

Кина од 6-ти јули годинава ќе воведе увозна давачка во висина од 25 отсто на 659 стоки коишто се увезуваат од САД, објави во петокот кинеското министерство за финансии како одговор на најавата од Вашингтон дека ќе стави намети на кинеските стоки во износ од 50 милијарди американски долари.

Пекинг ја донесе таквата одлука како одговор на сличните дејствија од страна на Вашингтон, се додава во соопштението. Реципрочната мерка е регулирана со Законот за надворешна трговија и друг законски акти.

Обемот на стоките за коишто ќе бидат одредени наметите ќе изнесува околу 50 милијарди долари. Истовремено, се наведува дека царинските давачки за 545 именува стоки во вредност од околу 34 милијарди долари ќе стапи на сила на 6-ти јули. За преостанатите стоки, датумот на стапување на сила на новите трговски мерки ќе биде објавен подоцна.

Покрај тоа Кина ги поништува сите трговски договори со САД. Тоа навестува на почеток на трговска војна од којашто штети ќе претрпи и глобалната економија.

Според агенцијата Bloomberg, од споменатиот датум ќе бидат воведени царините за земјоделски стоки, автомобили и морски плодови, во вкупен износ од споменатите 34-ти милијарди долари. Во следниот чекор ќе биде воведена и увозна давачка и за стоки од сферите на енергетиката, хемиската индустрија и медицинската опрема, со кои ќе се дополни сумата од 50 милијарди долари.

Претходно во петокот Белата куќа објави дека САД имаат намера да наметнат царински давачки од 25 отсто на увезените стоки од Кина во вредност од 50 милијарди долари. Се очекува дека овие намети ќе ги погодат информатичката и комуникациската технологија, роботиката, индустриската опрема, новите материјали и автомобилската индустрија. Со тоа со царините ќе биде опфатена десетина од кинескиот извоз во САД.

Покрај тоа во објавената изјава на американскиот претседател се вели и дека Вашингтон ќе воведе дополнителни увозни намети за кинеските стоки, доколку Пекинг одговори на веќе воведените.

Министерството за трговија на Кина претходно изрази протест против ваквата одлика на американските власти, истакнувајќи дека кинеската страна има намера да даде „силен отпор“ како одговор на ваквите акции и ќе преземе мерки коишто ќе бидат соодветни според силата и обемот.

Сѐ посилен е консензусот на републиканците и демократите во Вашингтон, како и поддршката на американската деловна заедница за потезите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, со коишто ќе се одговори на она што се доживува како граблива индустриска политика на Кина и на пазарните пречки за работењето на странските компании на кинескиот пазар.

Трамп уште од предизборната кампања трага за поурамнотежени трговски односи со Кина и ги разгледува потенцијалните трговски санкции против Пекинг во рамките на истрагата за кинескиот однос кон интелектуалната сопственост и поради кинеските притисоци врз странските компании да ја трансферираат технологијата. Неговата администрација соопшти дека САД згрешиле кога го поддржале кинеското членство во Светската трговска организација во 2001 година под услови кои не се успеале да ги принудат Пекинг да ја отвори својата економија.