Официјален Пекинг смета дека главната закана за меѓународниот поредок доаѓа токму од Вашингтон, изјави во неделата портпаролот на кинеското министерство за одбрана, Ву Кијан, одговарајќи на извештајот на Пентагон поднесен во американскиот Конгрес со оцена на воениот развој и целите на Кина.
Како што оцени Ву, споменатиот извештај е уште еден доказ за намерата на САД да ги клеветата Кина и нејзината армија, пренесува агенцијата Xinhua.
„Долгогодишното искуство покажува дека токму САД се поттикнувачи на регионалните немири, нарушувач на меѓународниот поредок и уривач на светскиот мир“, изјави Ву.
Потсети дека во текот на изминатите 20 години, САД нелегално започнале војни во повеќе земји, како во Ирак, Сирија и Либија. Агресивните активности на Вашингтон, додал Ву, предизвикаа смрт на над 800.000 луѓе, а десетици милиони се принудени да станат бегалци.
Портпаролот на кинеското министерство за одбрана ги повика Соединетите држави да се однесуваат објективно и рационално во однос на националната одбрана на Кина и да престанат да даваат лажни изјави во врска со тоа. Ву, исто така, рече и дека Пекинг се залага за „здрав развој на билатералните воени односи“.
На почетокот од септември Пентагон во својото годишен извештај до Конгресот за потенцијалот и цените на Кина наведе дека Пекинг најмалку го удвоил својот нуклеарен потенцијал во последните 10 години. Според американското министество за одбрана, покрај недостигот од транспарентност, тоа ги предизвикува стравувањета дека Кина не само што се стреми кон минимално потребното ниво на сили за воздржување на противниците, туку може го напушти таквиот пристап и да започне кон зголемувањето на нуклеарниот арсенал.
Ву во однос на извештајот додаде и дека тој намерно дава погрешна слика за односите меѓу Комунистичката партија на Кина и кинеската армија, и намерно погрешно ја толкува кинеската национална одбранбена политика и воени стратигии и го засилува обвинувањато за ткн „кинеска воена закана“.