Снежните врнежи во текот на ноќта денеска во поголемиот дел од северна Кина доведоа до затворање на патиштата, прекин на наставата и железничкиот сообраќај.
Во Женгжу, главниот град на провинцијата Хенан, важеше предупредување за црвена снежна бура до средината на утрото, а училиштата беа затворени таму и во два други градови во Хенан, објави државната телевизија CCTV. Аеродромот Женгжу исто така е затворен до 11 часот.
Вкупно 134 патни делови во 12 провинции, вклучително и 95 на автопати, беа затворени до 7 часот наутро поради снежни врнежи и мраз, соопшти CCTV.
Неколку возови во два дела на провинцијата Шанкси се сопрени.
Тоа беше првиот значаен снег годинава во поголемиот дел од Кина, надвор од планинските области и на североисток во близина на границата со руски Сибир.
Тенок слој снег прекри покриви и паркирани автомобили во центарот на Пекинг. Патиштата се претежно расчистени, а работниците го расчистуваа преостанатиот снег од тротоарите.
Од компанијата за јавент транспорт во Пекинг соопштија дека утрово 187 автобуски линии биле суспендирани. Некои линии на метрото додадоа дополнителни возови за време на утринскиот сообраќаен шпиц, соопшти CCTV.
фото : ЕПА