Кина засега нема да воведува привремени царини за европските жестоки пијалаци

Официјален Пекинг во четвртокот објави дека „засега“ нема да воведува привремени царини за брендито увезено од земјите членки на Европската унија, иако беше откриено дека марките се продаваат под пазарните цени во Кина.

Кинеското Министерство за трговија во четвртокот соопшти дека открило дека европските дестилатори продаваат бренди на нејзиниот малопродажен пазар на ракии во вредност од 1,4 милијарди евра со маржи кои се движат од 30,6 до 39,9 отсто, што ѝ штети на домашната индустрија.

„Засега, во овој случај, нема да бидат преземени антидампинг мерки“, се вели во соопштението, оставајќи ја отворена можноста Пекинг да дејствува по ова прашање во одреден момент во иднина.

Претходно, Министерството за трговија соопшти дека очекува истрагата целосно да заврши на 5 јануари 2025 година, но дека може да биде продолжена во случај на „посебни околности“.

Кина се обидува да го убеди 27-члениот блок да го отфрли предлогот на Европската комисија во октомври да усвои дополнителни царини до 36,6 отсто за електричните возила од кинеско производство, а одлуката да не се воведат царини за брендито во тој случај би можела да ѝ полза.

Се верува дека Франција е цел на истрагата на Пекинг за брендито поради нејзината поддршка за царините за кинеските електрични возила. Покрај тоа, француските жестоки пијалаци сочинуваа 99 отсто од увозот на ракии во Кина минатата година.

Францускот здружение на производителите на коњак Bureau National Interprofessionnel du Cognac, соопшти дека привремената одлука на Кина не ја намалува нивната загриженост за можните царини.

„Царините коишто би можеле да се применат на нашите производи на крајот од процесот би биле во просек 34,8 отсто. Доколку се воведат, таквите тарифи ќе имаат силно влијание врз извозот на коњак во Кина, пазар кој сам сочинува 25 отсто од нашиот извоз. Целосна сектор така би станал колатерална жртва на конфликт кој е надвор од негова контрола. Очекуваме дека Франција и ЕУ веднаш ќе преговараат за неприменување и отфрлање на овие царини“, се вели во соопштението на асоцијацијата.

Инаку, во јануари Пекинг ја објави својата антидампинг истрага за жстоките пијалаци увезени од ЕУ. Производителите на коњак сметаат дека истрагата е поврзана со целиот трговски конфликт, а не со самиот пазар на алкохол.

Последните месеци, покрај антидампинг истрагата за жестоките пијалаци, Кина започна и истрага за субвенции за млечни и свински производи од ЕУ. Млечните производи дојдоа на ред минатата седмица, ден откако Брисел го објави својот ревидиран план за царинење на електричните возила од кинеско производство.