Кинескa #MeToo активистка обвинета за субверзија

Водечката феминистичка и активистка во кинеската верзија на движењето #MeToo, била изведена пред суд во петокот под обвинение за субверзија, според неколку дипломати и портпарол на групата која бараше нејзино ослободување, пренесува Reuters.

На новинарката и феминистка Хуанг Ксуечин и се суди заедно со активистот за работнички права Ванг Џианбинг пред судот во Гуангжу за „поттикнување на субверзија на државната власт“, ​​објави портпаролот на организацијата „Слободни Хаунг Вуекин и Ванг Џијанбинг“ (Free Haung Wueqin and Wang Jianbing).

Дипломати од седум западни земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија и Холандија, се обиделе да влезат во судницата како набљудувачи, но не добиле дозвола.

„Никој не треба да биде уапсен и обвинет за остварување на своите основни права. Во неколку наврати директно им ја изразивме нашата загриженост на кинеските власти“, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Двојката беше уапсена на 19-ти септември 2021 година во јужниот град, каде што им се суди. Обвинението за „поттикнување субверзија на државната власт“, како што наведува Reuters, често се користи во Кина против неистомислениците и предвидува максимална затворска казна до пет години, освен ако осомничените не се сметаат за водачи на субверзијата и не извршиле „тешки злосторства“.

Еден ден пред апсењето, Хуанг требало да отпатува во Велика Британија на постдипломски студии во грофовијата Сасекс, под стипендија на британските власти.

Хонорарната новинарка која известуваше за движењето #MeToo во Кина, како и за протестите во 2019 година во Хонгконг, веќе беше уапсен на крајот на таа година и помина три месеца во затвор.

Портпаролот на кампањата за нејзино ослободување тврди дека обвиненијата за субверзија против неа и Ванг биле покренати поради организирање собири на млади Кинези на кои често се разговарало за социјални прашања.

Портпаролот рече дека тие поминале неколку месеци во самица и биле мачени. Полицијата не одговори на овие тврдења.

„Нивните семејства се крајно загрижени за нив. Постојано ги посетува и им се заканува полиција, па се плашат да зборуваат или да стапат во контакт со луѓе во странство“, додаде портпаролот.