Кинеската компанија Алибаба на Словенија и донира тестови за коронавирусот, кои се очекува да пристигнат за неколку денови.
Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, се работи за помош наменета за повеќе држави меѓу кои и Словенија.
Авионот доцна синоќа веќе полета од Кина, а се очекува потребните тестови да бидат дистрибуирани во следните денови. Минатата недела исто така во Словенија веќе пристигнаа стотици илјади заштитни маски донации токму од Алибаба.
Инаку, пред околу еден месец ситуацијата беше обратна, односно поради брзото ширење на коронавирусот во Кина, токму Словенија испрати пакети со заштитни маски наменети за тамошните доктори и медицински персонал.