Кинеската мисија открила нови информации за активносите на Месечината

Првите примероци од карпите на Месечионата донесени на Земјата по подолг период покажуваат дека природниот сателит на нашата планета бил вулкански активен подоцна отколку што досега се мислеше, објавија во вторникот кинеските научници.

Кинеското вселенско летало минатата година донесе месечеви камења и почва на Земјата, во првата мисија на човештвото по четири децении поради собирање примероци од Месечината и која претставуваше пресвтрница во растечката вселенска програма на Пекинг.

Примероците вклучувале базалт, форма на оладена лава, стар 2,03 милијарди години, откруваат научниците придвижувајќи го поблиску до денешницата досеага познатиот период на вулканските активности на Месечената за дури 900 милиони години.

Анализата на примероците „открива дека месечавата внатрешнсота сѐ уште се развивала пред околу две милијарди години“, се наведува во соопштението на Кинеската академија на науките (CAS).

Претходните примероци од Месеченита коишто ги донесоа американските и советските мисии имале знаци за месечевите активности до пред 2,8 милијарди години, но оставија празнина во знаењата на научнциите за поновата историја на природниот сателит на Земјата, бидејќи се собрани постари делови од месечевата површина.

Мисијата „Чанг’е-5“, наречена по кинеската митска божица на Месечината, собрала два килограма примерока од претходно неистраќената месечева област наречена „Океанот на бурата“. Областа била одбрана поради тоа што научниците сметале дека е формирана во поново време, врз основа на помалата густина на кратериоте од метеори на нејзината површина.

„Севкупно овие резултати се извонредно возбудливи, пружајќи неверијатни научни можности и резултати за разбирање на месечевото создавање и еволуцијата во текот на времето“, вели Одри Бувие, професорка по планетологија на германскиот универзитет во Бајерут во видео пораката на прес-конференцијата во Пекинг во вторникот.

Најновите откритија, обајвени во три засебни труда во научното списание Nature во вторникот, отвораат нови прашања за научниците кои се обидуваат да ја одгатнат тајната на Месечината.

„Како Месечината ја издржала вулканската активности толку долго? Месечината е природно мала и би требало брзо да ја распраши топлината, или барем така се мисли“, изјави за новинарите кинескиот научник Ли Ксинхуа, еден од авторите на студијата.

Примероците коишто ги донелас сондата „Чанг’е-5“ го означуваат големиот чекор на кинеската вселенска програма која испрати и ровер на Марс и спушти уште еден брод на невидливата од Земјата и неистражена „темната страна“ на Месечината.

Кина, која се труди да ги стаса САД и Русија во вселенските програми, во саботата испрати тричлен екипаж на својата нова вселенска орбитална станица во изградба којашто треба да стане оперативна до крајот на 2022 година.