Најгоемата кинеска ракета „Лонг марш“ ноќеска влезе во атмосферата, и се сруши во Индискиот Океан, западно од познатите острови Малдиви.
Сепак, поголемиот дел од деловите биле уништени во текот на влегувањето во атмосферата, пренесуваат кинеските медиуми.
Делови од ракетата повторно влегле во атмосферата во 10:24 часот по кинеско време, и паднале во Индискиот океан, некаде југозападно од Индија и Шри Ланка. Голем број од делови исгореле во атмосферата.
Ракетата „Лонг марш“ лансирана е 29 април од кинескиот остров Хаинан, носејќи со себе бесполотен модул кој содржи она што ќе стане станбен простор на трајната кинеска вселенска станица.