Кина во вторникот објави дека уште една нејзина сонда, која беше лансирана на 23-то ноември, успешно слетала на површината на Месечината, каде што ќе собира примероци од камења.
За местото на слетување е избрана вулканската област Монс Римкер во подрачјето „Океанот на бурите“ или Oceanus Procellarum. Сондата следните неколку дена треба да ја истражува околината околу неа и да собере материјал од површината на природниот сателит на Земјата.
Целта на мисијата наречена „Chang’e-5“ е да собере примероци од камења и прашина од месечевата површина, а потоа да ги донесе на Земјата. Според плановите, сондата ќе собер одколу два килограма од почвата, реголити и потоа ќе ги испрати до леталото во орбитата на Месечината коешто потоа ќе ги донесе на Земјата.
Мисијата „Chang’e-5“ би можела да помогне да се одговорат прашањата како што се колку долго Месечината била вулкански активна во својата внатрешност и кога се распаднало нејзиното магнетно поле, клучно за заштитата на секој вид живот од сончевото зрачење.
Долку мисијата биде успешна, Кина ќе биде само третата земја во светот која дошла до посед на примероци од Месечината, по САД и некогаштниот Советски сојуз, односно Русија.
Во рамките на американската програма „Apollo“, кога луѓето првпат успешно слетаа и стапнаа на Месечината, САД во шесте летови од 1969 до 1972 година истоварија 12 астронаути, кои на земјата донеле 382 килограми камења и други примероци.
Последната мисија од овој тип, под називот „Луна“, Русите ја реализираа 1976 година по што беше напуштена оваа програма. Тогашниот Советски сојуз во 1970-те години оствари три успешни роботски мисии. Познато е дека во текот на спомената последна „Луна 24“ од 1976-та, донеле 170,1 грама примероци.
Кина своето прво слетување на Месечината го реализираше во 2013 година. Во јануари 2019 година сондата „Chang’e-4“, првпат во историјата, слета на другата на „темната“ страна на Месечината, што претставуваше голем успех за амбивиозната кинеска вселенска програма и со тоа стана првата земја која постави сонда на месечевата страна којашто никогаше не е видлива од Земјата.
Во следните десет години Кина планира да воспостави базна роботска станица, којашто би овозможила спроведување на беспилотни истражвуиање во јужниот поларен регион на Месечината. До примероци од површината на Марс, пак, Кина планира да дојде до 2030 година.