Кинеската стокова размена со Русија се зголемила во спетември, и покрај падот на извозот и увозот во целина, окажуваат податоците кои беа објавени во петокот.
Кинеските испораки во Русија пораснале во септември за 21 отсто во однос на истиот минатогодешен месец, на 9,6 милијарди долари, пресметарл Reuters врз основа на царинските податоци. Во август, пак, беа зголемени за 16 отсто.
Увозо, па, пораснал за 8 отсто, речиси трипати посилно отколку во август, достугнувајќи 11,53 милијарди долари.
Вредноста на киснеско-руската стокова размена, така, забележала во највисоко ниво од февраури минатата година и почетокот на руската инвазија во Украина, скокнала на 21,18 милијарди долари, според податоците на кинеската царинска управа.
Благ кинески пад
Кинескиот извоз во целина, пак, се намалил во септември, втор месец со ред, и тоа за 6,2 отсто во однос на истиот лански месец, извести во петокот царинската управа. Во август се беше намалил за 8,8 отсто.
Падот на извозот го открива подзапирањето на побарувачката кај главните партнери на Кина поради подигнатите каматни стапки коишто го кочат економскиот раст. Тег претставуваат и ограничуваата коишто ги воведоа САД и нивните партнери, повикувајќи се на националната безбедност и урамнотежувањето на размната.
ЕУ неодамна отвори истрага за увозот на кинески електрични автомобили за да утврди дали кинеските производители користат државни субвенции за да обезбедат предност пред конкурентите. Брисел го анализира и увозот на кинески соларни панели.
Кинескиот увоз, исто така, паднал во септември, исто така за 6,2 отсто, што е одраз на макотрпното закрепнување на домашната побарувачка по укинувањето на мерките за борба против ковид-19. Во август беше намален за 7,3 отсто.
Така, суфицитот во размената на Кина со светот во септември е зголемен за 13,7 отсто во однос на август, на 77,71 милијарди долари.