Кинески Ant Group планира да собере 35 милијарди долари од IPO

Кинеската финансиско-технолошка компанија „Anti Group“, која е сопственик на платформата Alipay, планира да привлече инвестиции во износ од 35 милијарди американски долари во текот на првата јавна понуда на акции (IPO) на берзите во Шангај и Хонгконг, објави во понеделникот американската агенција за финансиски информации Bloomberg, повикувајќи се на сопствени извори.

Според изворите, ваквите амбициозни планови на компанијата се поврзани со промената на проценетата вредност на компанијата од 225 милијарди на 250 милијарди долари. Претходно, како што забележува агенцијата, изворите изјавиле дека „Anti Group“ планира да привлече до 30 милијарди долари во текот на изложувањето на акциите на трговските берзи во Шангај и Хонгконг. Притоа, сѐ уште не е објавн периодот на двојното излистување.

Аналитичарите на Bloomberg оценуваат дека претстојното IPO на кинеската компанија ќе биде едно од најголемите во историјата, надминувајќи ја сумата од 29,4 милијарди долари која ја достигна саудиската државна нафтена компанија „Saudi Aramco“ ланскиот декември, на својата прва јавна понуда.

Седиштетот на „Anti Group“ е во градот Хангжу, и е сопственик на платформата Alipay, најголемиот оператор за плаќања преку интернет во Кина. Во првото полугодие од годинава нејзините приходи достигнале 72,5 милијарди јуани, односно 10,5 милијарди долари, а профитот изнесувал 21,9 милијарди јуани, односно 3,2 милијарди долари.