Тајванското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека кинески воени авиони и воени бродови ја извршиле првата „борбена патрола“ околу островот во новата година, откако тајванскиот претседател Лаи Чинг-те ја повтори својата подготвеност да преговара со Пекинг.
Кина, која непризнатата островска држава Тајван подджана од САД ја смета за своја одментата покраина и територија над која полага суверенитет, речиси секојдневно испраќа своја борбени летала во воздушниот простор и ворбени пловила во водите во близина на островот и спроведува како што Тајван ги нарекува „заеднички патроли за борбена готовност“ неколкупати месечно.
Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека открило 22 кинески воени авиони, вклучително и борбени авиони „Ј-16“, кои започнале „заедничка патрола за борбена готовност“ околу Тајван во соработка со кинески воени бродови во четвртокот наутро.
Се наведува дека кинескиот авион летал во воздушниот простор на север, запад, југозапад и исток од Тајван и дека тајванските сили биле испратени да чуваат стража.
На новогодишната прес-конференција Лаи ја повтори желбата за преговори со Кина. Тој повеќепати повика на преговори, но беше одбиен. Пекинг, кој минатата година одржа две воени вежби околу Тајван, го нарекува Лаи „сепаратист“.
Во средата, кинеската источна команда, чија област на одговорност го опфаќа Тајван, објави на социјалните мрежи новогодишно видео од воени бродови и воени авиони, како и нешто изгледа дека е кинески борбен авион кој лета во близина на патролен авион „P-8 Poseidon“ кој САД понекогаш го испраќа преку Тајванскиот теснец.
Видеото, поставено во заснина со песната „Кинеско“ на поп-ѕвездата од Хонгконг, Енди Лау, вклучува и слики од кинески студенти кои го посетија Тајван кон крајот на минатата година на покана на поранешниот претседател Ма Јинг-јеу.
Тајванскиот министер за надворешни работи Лин Чиа-Лунг во четвртокот им изјави на новинарите во Тајпеј дека видеото е дел од кинеската психолошка војна. „Народноослободителната армија го покажува своето заплашување на Тајван“, рече тој.
Лаи и неговата влада велат дека само тајванскиот народ може да одлучи за нивната иднина.