Кинески град затворен поради ново жариште на короанвирусот

Кинеските здравствени власти затворија поголем град во близина на престолнината Пекинг, ги запреа сите сообраќајни поврзувања со градот и им забранија напушање на десетината милиони негови жители, во обвидт да се сузбие најголемото жариште на коронавирусот во земјата кое се јави по половина година.

Од појавата на короанвирусот во 11-милионскиот град Вухан во централната провинција Хубеи, на самиот крај од 2019 година, кинеските власти брзо ги сузбиваат новите жаришта со масовни тестирања на локалното население, целосно затворање на погодената област и забрани за патувања во и надвор од неа.

Стотина нови случаи на короанвирусот се откриени минатата седмица во Шицијажуанг, главниот град на покраината Хeбеи.

Сите училишта во ова подрачје со 11 милиони жители се затворени. Главните автопати за Шицијажуанг, околу 300 километри јужно од Пекинг, се затворени а меѓуградските автобуски линии за запрени со цел вирусот да не се прошири надвор од градот. Од здравствено-епидемиолошки причини, главната железничка станица во Шицијажуанг е затворена и повеќе не прима патнции, објави во четвртокот јавната телевизија CCTV.

Телевизијата во петокот емитуваше снимки од долгите редови на жителите на Шицијажуанг, кои чекаат здравствените работници во целосни заштитни опреми да им земат брис. Во прилогот се гледаат и полициски и здравствени контроли на автопатните приоди кон градот, а влезовите во Шицијажуанг повеќето се блокирани со барикади.

Властите на покраината Хебеи потврдија дека во четвртокот регистрирале 51 а во петокот 33 нови случаи на зараза со коронавирусот, што се најголеми бројки на дневно ниво од јули минатата година. Повеќето од коронаинфекциите се потврдени во Шицијажуанг. Таму се спроведува масовно тестирање на населението, и од четвртокот утрото досега се тестирани повеќе од 670.000 луѓе, соопштија локалните власти.

Емитувани беа и снимки како здравствените работници ги вакцинираат граѓаните со вакцината на кинеската фармацевтска компанија „Sinopharm“, која неодамна беше одобрена во Кина, а за која се наведува дека има 79-процентна ефикасност.

Тројца функционери од најтешко погодениот градски кварт Гаоченг, епицентарот на последното жариште на коронавирусот, се казнети поради небрижност во контролирањето на вирусот, што испраќа јасна порака до локалните власти да реагираат превентивно и брзо доколку се појави вирусот.