Кинески хакери упаднале во електронската пошта на американската влада

Хакери поврзани со кинеската држава од мај потајно добивале пристап до адресите на електриските пошти во околу 25 организации, вклучителни и во најмалку две американски владини агенции, откриле во „Microsoft“.

Соединетите држави го откриле пробивањето во адресите на сојузната влада „доста брзо“ и успеале да спречат натамошни упади, тврдеше советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан во интервјуто за емисијата „Добро утро Америка“ на телевизиската мрежа ABC News.

Кинеските хакери се обидувале да упаднат во одредени сметки на алектронската пошта на американскиот Стејт департмент, неколку седмици пред патувањето на државниот секретар Ентони Блинкен во Пекинг во јуни, пишува весникот The New York Times повикувајќи се на американски функционер.

Соговорникот на весникот рекол дека истрага за хакирањето е во тек. Според него, хакерите не успеала да украдат чувствителни информации, бидејќи не успеале да упаднат во тајните системи за електронската пошта. Весникот, повикувајќи се на свои извори, пишува дека хакерите наводно се поврзани со кинеската војска или со кинеското разузнавање. Се додава и дека Стејт департментот го открил упадот на 16-ти јуни и истиот ден го информирале „Microsoft“, од каде велат дека хакирањето започнало во мај.

Две американски министерства потврдиле во изјави дека се меѓу погодените државни агенции, пренесува Reuters.

Обемот на хакирањето веднаш не бил јасен, но висок функционер на американската администрација рекол за новинарите дека би било неправедно тој да се споредува со „SolarWindsom“, сеопфатната серија дигитални упади кои се откриени кон крајот на 2020 година и за кои без докази се обвинети руски сајбер шпиони.

„Овој напад не треба да се споредува со SolarWindsom“, рекол неименуваниот функционер, нарекувајќи го неодамна откриениот напад „многу потесен“.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адам Ходџ, изјави дека упадот во безбедноста на „облакот“ на „Microsoft“ „влијаел врз некласифицирани системи“, без да наведе поединости.

„Функционерите веднаш го контактираа Microsoft за да го пронајдат изворот и ранливоста во нивната облачна услуга“, додаде Ходџ.

Експертите за кибернетичка безбедност во приватниот сектор велат дека новооткриената хакерска активност покажува дека кинеските групи ги подобруваат своите кибернетички способности.

„Кинеската сајбер шпионажа напредувала далеку од тактиката на разбивање и зграпчување со којашто многу од нас сме запознаени“, вели Џон Халтквист, главен аналитичар на американските компании за сајбербезбедност „Mandiant“.

Американскиот финкционер, исто така, рекол дека нема може да ја коментира изјавата на „Microsoft“ со која нападот со хакирање ѝ се припишува на Кина.

Од „Microsoft“ во соопштение наведуваат дека хакерската група, којашто е наречена Storm-0558, фалсификувала дигитални аутентификациски токени за пристап до сметките на електронската пошта кои се изведуваат на Outlook сервисот на компанијата. Активноста започнала во мај годинава, соопштија од „Microsoft“.

„Како и при секоја забележана активноста на актери во националната држава, Microsoft ги контактираше сите целени или компромитирани организации директно преку нивните администратори и им даде важни информации за да им помогне во истрагата и одговорот“, се додава во објавата на компанијата.

Кинеската амбасада во Лондон ваквите обвинувања ги нарече „дезинформации“ администрацијата на САД ја нарече „најголемото светско хакерско царство и глобален сајбер гангстер“. Кина рутински ја негира вмешаноста во операции на хакирања без оглед на тоа дали се дадени докази или само контенкст.