Кинески „Huawei“ подготвува терен за масовно производство на чипови за вештачка интелигенција

Кинескиот технолошки гигант „Huawei“ планира да започне масовно производство на најновиот чип со вештачка интелигенција во првиот квартал од следната година, соопштиле за Reuters два изворa.

„Huawei“ испрати примероци од чипот Ascend 910 до одредени технолошки компании и почна да прима нарачки, велат изворите.

Вашингтон воведе серија ограничувања за „Huawei“ и другите кинески компании, тврдејќи дека нивниот технолошки напредок претставува ризик за националната безбедност за САД. Пекинг ги негира овие тврдења и во исто време ја насочува домашната економија да се потпре на сопствените сили во софистицирана технологија на полупроводници.

Дополнителна пречка за технолошкиот сектор во Кина се извозните ограничувања на САД, Јапонија и Холандија на најсофистицираните машини за производство на чипови.

Чипот 910C на „Huawei“ е направен од кинеската „Semiconductor Manufacturing International“ (SMIC), во постапката N+2, но недостигот од машини базирани на технологијата на литографија го ограничи „употребливиот“ удел на околу 20 проценти, рекол еден извор запознаен со резултатите.

Профитабилноста, од друга страна, е загарантирана со стапка на „успех“ на производството од 70 проценти.

Во такви услови „Huawei“ има потешкотии со производството на чипови со вештачка интелигенција. Дури и сегашните најсофистицирани процесори на „Huawei“ – 910B SMIC, имаат стапка на „успех“ од само околу 50 проценти, што ја принудува компанијата да ги смени производните цели и да ги одложи нарачките, велат изворите.

Ниту „Huawei“, ниту SMIC не одговориле на барањето на Reuters за коментар на информациите во четвртокот.