Кинески производител на безбедносна опрема ја тужи Европската комисија

Кинескиот производител на безбедносна опрема „NucТech“ поднесе тужба до Општиот суд на Европската унија против Европската комисија поради ненајавени инспекции во канцелариите во Холандија и Полска, отфрлајќи ги наводите за незаконски државни субвенции.

Компанијата прави скенери за проверка на патници и багаж на аеродроми и пристаништа во повеќе од 170 земји, а беше ставена на „црната листа“ на американското Министерство за трговија во 2020 година.

Кон крајот на април, „NucTech’ извести за инспекциите на ЕК на канцелариите на компанијата во Холандија и Полска, истакнувајќи дека тие соработуваат со истражителите и тврдеа дека работат целосно независно. Комисијата тогаш објави дека извршила инспекција, но не ја именуваше компанијата, ниту членката на ЕУ чии канцеларии беа претресени.

Во вторникот, „NucTech“ ја тужеше Комисијата пред Општиот суд со седиште во Луксембург.

„NucТech поднесе жалба до Општиот суд на ЕУ против одлуката на Европската комисија за инспекции во канцелариите на NucТech, која се заснова на сомневање за можно прекршување на Регулативата на ЕУ за странски субвенции“, се вели во соопштението на компанијата.

Од компанијата побарале и судот да го прекине увидот за да не ѝ биде нанесена штета.

Од Европската комисија не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар за тужбата. Судскиот случај може да трае со години, забележува Reuters.

Врз основа на регулативата, Комисијата веќе отвори истрага за понудите на кинеските производители на ветроелектрани на јавните тендери во Шпанија, Грција, Франција, Романија и Бугарија и кинеските учесници на јавниот тендер за изградба на соларна централа, а под лупа се и кинеските учесници на јавниот конкурс за градење соларна електроцентрала во Романија.

Првата истрага заснована на новите овластувања Европската комисија ја прекина откако кинескиот производител на возови „CRRC Qingdao Sifang Locomotive“ се повлече од тендерот за набавка на возови во Бугарија.