Кинески воени бродови опкружиле американски носач на авиони

Кинескиот интернет ресурс Sohu објави сателитски снимки на носачот на авиони на американската воена морнарица „Роналд Реган“ во Јужното-Кинеско Море, кој бил оппкружен од пет кинески воени бродови.

Портпаролот на кинеското министерство за одбрана, Рен Гуокјанг, коментирајќи ги снимките истаканач дека Вашингтон го испратил носачот на авион за да демонстрира сила и да ја зголеми милитаризацијата во водите на Јужното-Кинско Море.

„Кинеската војска ќе ги исполни своите должности и задачи и цврсто ќе ги брани суверенитетот и безбедноста“, истакнал Гуокјанг.

Со децении Пекигн води спорови со неколку земји во Азиско-пацифичкиот регион за териротијалната надлежноста на редициа острови во Јужното-Кинеско Море, каде што се отркиени значителни резерви од јаглеводороди. Кина, како и повеќе земји во регионот Јапонија, Виетнам, Филипини и Тајван, сите сојузници на САД, се спорат околу поморските граници и зоните на надлежност во водите на Јужното и на Источното Кинеско Море, низ кои минуваат важни поморски правци преку кои се одвива трговија која на годишно ниво изнесува 5 билиони американски долари.

Станува збор главно за архипелазитра Сиша (Парацелските острови), Нанша (Спратли) и Гиангјанф (ртот Скарноро).

САД не се страна во територијалниот спор, но не го признаваат тврдењето на Кина која ја обвинуваат дека во споменатите води гради вештачки гребени и острови на кои иснталира воена опрема, и инсистриаат на своето право на „слободна пловидба“ во регионот.