Кинескиот произведувач на паметни телефони „Xiaomi Corporation“ планира да започне со сериското производство на сопствени електрни автомобили во првата половина на 2024 година, изјави во вторникот извршниот директор Леи Џун, пренесе мражата CNBC News.
Во март годинава од „Xiaomi Corporation“ најавија влегување во индустријата на електричните возила и објавија дека планираат да вложат 10 милиони американски долари во оваа дејност во следните десет години. Во септември корпорацијата официјално ја регистрираше својата компанија за електрични возила „Xiaomi EV“, којашто во моментов има 300 вработени.
Кинескиот пазар на електрини возила со влегувањето на новите играчи станува сѐ позгуснат. Така, компанијата за вештачка интелигенција и интернетски услуги „Baidu“ во јануари годинава формираше самостојна компанија за производство на електрични автомобили, а кога „Xiaomi“ официјално ќе го лансира својот електричен автомобил ќе се соочи со домашните кинески ривали како што се „Nio“ и „Xpeng“, како и со поголемите и веќе етаблирани на пазарот произведувачи на автомобили, во прв ред американскиот „Tesla“.
Кинескиот пазар и индустрија на електрични возила последните години беа субвенционирани од државата, што помогна за растот на овој сектор. Иако дел од таа поддршка сега е намален, пазарот и натаму расте. Компанијата за анализа на пазарите „Canalys“ предвидува дека во Кина до крајот на 2021 година ќе бидат продадени 1,9 милиони електронски возила, што претставува раст вод 51 отсто во однос на минатата 2020 година.