Кинескиот извоз силно пораснал во јануари и февруари, покажаа во четвртокот објавените податоци на царинската управа, што сигнализира закрепнување на глобалната трговија.
Во првите два месеца од годинава извозот од втората по големина светска економија пораснал за 7,1 отсто во однос на истиот период во 2023 година.
Царинската управа ги консолидира податоците за првите два месеца од годинава за да ги неутрализира осцилациите поврзани со сподвижната Лунарна нова година, која годинава се падна во февруари. Во декември извозот беше зголемен за 2,3 отсто во однос на истиот месец од претходната 2022 година.
Во јануари и февруари увозот е зголемен за 3,5 отсто во однос на истиот период лани, по стагнацијата на крајот на 2023 година.
Трговскиот биланс за првите два месеца од годинава покажа суфицит од 125,16 милијарди долари. Во декември таа изнесуваше 75,3 милијарди долари.
Кинескиот извоз во САД повторно пораснал во јануари и февруари, за 5 отсто. Во декември потона за 6,9 отсто. Извозот во Русија, пак, скокнал за 12,5 отсто. Извозот во ЕУ е намален за 1,3 отсто.
Кинескиот премиер Ли Кианг во вторникот објави дека во Пекинг се стремат кон стапка на раст од околу 5 проценти оваа година и вети дека ќе го трансформираат развојниот модел кој во моментов многу се потпира на извозот на готови производи