Строгите мерки за сузбивање на новиот бран на коронавирусот во Кина влијае на работењето на дури три четвртини од европските компании, покажува истражувањето кое во четвртокот го објави Европската стопанска комора во Пекинг.
Компаниите главно се жалат на проблеми во логистиката, складирањето и во синџирите за снабдување, а укажуваат и на отежнатото планирање на деловните патувања и состаноци, уврдила спомената комора.
Нивните приговори вклучуваат и ограничена достапност на суровините и проблемите и испораката на готовите производи во самата Кина. Речиси 60 отсто од компаниите поради локдаунот ги намалиле прогнозите за продажба во Кина во тековната година, покажало истражувањето.
„На многумина од испитаниците кинескиот пазар сега значително помалку им е привлечно. Претпријатијата се прагматични и секогаш бараат оптимални услови“, истакнуваат од комората.
Се додава дека Кина е малку пожелна дестинација за вложување, сметаат 78 отсто од испитаниците.
Владата во Пекинг европските компании ја повикуваат политиката на нулта толеранција на Covid-1 да ја замиени со имунизација на постарата популација за да се обнови довербата во кинескиот пазар.