Кинескиот министер за одбрана Донг Џун под истрага за корупција

Кина покрена истрага против својот министер за одбрана, адмирал Донг Џун, за наводни коруптивни активности, што е нов скандал што го погодува врвот на Народноослободителната војска на Кина, објави весникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на американски претставници.

Донг Џун беше назначен за министер за одбрана во декември 2023 година, откако неговиот претходник, генералот Ли Шангфу, беше разрешен поради корупција.