Кинескиот потпретседател Хан Женг разговараше за клучните теми со новоизбраниот американски потпретседател ЏејДи Венс и технолошкиот милијардер Илон Маск во неделата, ден пред инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД.
Транзицискиот тим на Трамп соопшти дека на состанокот се разговарало за низа важни прашања, вклучително и трговијата меѓу двете земји, регионалната стабилност и фентанил, синтетички опиоиден аналгетик кој во голема мера придонел за епидемијата од смртни случаи предизвикани од наркотици во САД.
Според кинеската новинска агенција Xinhua, Хан ги пренел поздравите од претседателот Кси Џинпинг, кој го испратил во Вашингтон да ја претставува Кина на инаугурацијата на Трамп.
Во однос на трговијата, Хан не ги негираше постоечките тензии, но преден план ги стави заедничките интереси и можната соработка меѓу двете страни. Трамп претходно се закани дека ќе воведе дополнителни царини и давачки за кинеските производи.
Тој, исто така, го охрабри шефот на „Tesla“, Маск, советник на Трамп, да работи на подобрување на трговските врски меѓу Кина и САД. Кинеските медиуми истакнуваат дека Кина е многу важен пазар за „Tesla“, производителот на електрични автомобили.