Кинескиот премиер зборуваше за „мирен раст“ на односите со Тајван и „обединување“ со Кина

Кинескиот премиер Ли Кечијанг во саботата на отворањето на Секинеското народно собрание зборуваше за „мирен развој“ на односите со Тајван и неговото „обединување“ со Кина, велејќи дека Пекинг остро се противи на сепаратистичките активности и странското влијание на островот.

Кина го смета Тајван за своја одметната територија и изминатите две години ги зголеми своите воени активности околу островот, тврдејќи дека одговара на „заговорот“ меѓу Тајпеј и Вашингтон, главниот тајвански поддржувач.

САД, како и најголемиот број држави во светот, немаат официјални дипломатски односи со Тајван, на кој Кина полага право како на своја територија, но Вашингтон е најголемиот сојузник на Тајпеј и фактички ја презема врз себе улогата на заштитник на неговата одбрана

Зборувајќи на отворањето на годишната седница на кинескиот парламент, Ли порача дека Пекинг стои зад принципот „една Кина“ според кој Тајван е дел од матичната континентална Кина.

„Ќе продолжиме да го унапредуваме мирниот однос преку Тајванскиот теснец и обединувањето на Кина“, порача кинескиот премиер.

„Остро се спротиставуваме на секаква сепаратистичка активност кон ‘тајванска независност’ и даваме силен отпор на странското мешање… Сите ние, Кинезите од двете страни на Тајванскиот теснец, треба да се обединиме за да работиме на големата и силна цел на кинескиот напредок“, додаде Ли.

Тајванските власти ѝ одговорија на Кина порачувајќи ѝ дека таа би требало повеќе да се ориентира на „вистинските проблеми на својот народ и на промовирањето на демократијата“, наместо да го „поткопува меѓународното право и поредокот“.

„Тајванското јавно мение силно се противи на политичката рамка, военото заплашување и дипломатскиот притисок кој го наметна Кина“, објави тајванскиот совет за односи со Кина, пренесува агенцијата Reuters кој наведува дека мнозинството Тајванци „не сакаат да бидат под власт на автократската Кина“.

 

На почетокот од февруари САД одобрија потенцијална продажба на 100 милиони долари вредна опрема и услуги на Тајван за одржување и надградба на ракетниот систем „Patriot“, објави Пентагонт. Во соопштението на американската Агенција за одбранбена соработка (DSCA) беше наведено дека институцијата ја предала потребната документција пред Конгресот по одобрувањето од Стејт департментот за продажба којашто ја побарало тајванското де-факто амбасадата во Вашингтон.

Надграбрата на „Patriot“ системот „би ја подобрила безбедноста“ и би „помогнала во одржувањето на политичката и воената стабилност“ на Тајван и напредокот во регионот, соопштија од DSCA. Тајван во зделката би влегол со американските компании од одбранбениот сектор „Raytheon Technologies“ и „Lockheed Martin“ дознава агенцијата Reuters.

Тајванското министерство за одбрана објави дека одлуката за оваа зделка е донесена во текот на средбата во 2019 година со претставниците на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Кинеското министерство за надворешни работи ја осуди потенцијалната американска продажба, истакнувајќи дека таа сериозно ги загрозува безбедноста и суверенитетот на Кина, најавувајќи мерки за заштита на своите интереси.

Тајван подолго од една година преддувапредува на масовни прелети на кинески борбени авиони во неговиот воздушен простор, односно во неговата Зона на идентифијација на противвоздушната одбрана (ADIZ). Кина, пак, протестира на минувањето на западните воени пловила низ Тајванскиот теснец.

 

Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.