Кинескиот претседател Кси Џинпинг упатил честитка до кралот Чарлс Трети на британскиот престол, извести во неделата службената кинеска новинска агенција Xinhua.
Честитката која била упатена во саботата Кси истакнал дека е подготвен, заедно со кралот Чарлс Трети да работи на подобрување на меѓусебното разбирање и пријателството меѓу двата народа, како и на јакнењето на комуникацијата за глобалните прашања.
Односите меѓу Лондон и Пекинг се влошени последните десет години, а новата британска премиерка Лиз Трас е еден од најжестоките критичари на Кина.
Кси во честитката истакнал и дека годинава се навршува педесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, се додава во информацијата на Xinhua.
Медиумите истакнуваат дека многу жители на Хонгконг, една од последните британските колонии, преку социјалните мрежи изразуваат тага поради смртта на кралицата Елизабета Втора, којашто постарите жители на градот ја нарекуваат „шефица“.
Елизабета Втора двапати го посети Хонгконг во текот на свето долго владеење, додека нејзиниот син крајот Чарлс Трети, беше присутен на церемонијата на предавањето на градот на Кина во 1997 година.