Кинески тајкун Чен Гуанбјао се повлекува од амбициозниот план за купување на издаваштвото на „Њујорк тајмс“, само една недела по јавното обелоденување на намерата, пренесе „Ројтерс“.
„Нивото на тежина е огромно“, рекол бизнисменот. Чен, познат по својата филантропија, не поседува акции на изданието, ниту планира да купи. Компанијата е проценета на 2,3 милијарди долари, но според Чен таа чини само една милијарда.