Кинеските компании заинтересирани за инвестирање, можност и за македонските фирми

Македонските компании, организирани од Сојузот на стопански комори (ССК), се дел од 1.000 присутни фирми од Европа и од Кина на Форумот.

Арсовска: Економско – трговскиот форум е добра можност за размена на знаења

Воспоставени се добри контакти на форумот од кои следната година треба да произлезе конкретна соработка, вели Данела Арсовска, претседателка на ССК.

Арсовска: Економско - трговскиот форум е добра можност за размена на знаења
Арсовска: Економско – трговскиот форум е добра можност за размена на знаења

Економско трговскиот форум, посочува Арсовска, е добра можност за размена на знаења и пренесување позитивно искуство поврзано со практицирање бизнис како и можност за отворање нови перспективи и инвестициски потенцијали за македонските компании. Многу значајно, потенцира, е што тука се присутни 1.000 компании не само од Кина туку од Централа и Источна Европа кои што меѓусебе креираат можности за воспоставување на соработка од областа на инфраструктурата, градежништвото, ИТ секторот и туризмот.

Се надевам дека македонските компании ќе ги искористат конекциите кои што ги воспоставивме за време на форумот и дека секако ќе произлезат конкретни проекти особено во оној дел каде што македонските компании ќе ги пласираат своите производи на кинескиот пазар и исто така од трансфер на знаење, размена на искуства и се она што е потребно за подобрување на соработката со Кина, изјави Арсовска.

Груевски се обрати на Самитот на шефови на влади на државите од Централна и Источна Европа

Инаку, Петтиот…