Кинеските вакцини ќе почнат да се даваат од 4 мај, соопшти Филипче

На 28 април е најавено доаѓање на 200 ијлади кинески вакцини, а во Македонија ќе почнат да се даваат од 4 мај, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Пристигнувањето ќе се поклопи со Велигденските празници и таа вакцина ќе се дава од 4 мај, вторникот после празниците. До тогаш ќе бидат спремни сите спортски сали во шесте предвидени градовиизјаави Филипче.

Денеска во скопската сала „Борис Трајковски“ почна вакцинацијата на пратениците во македонското Собрание, а во тек е имунизацијата на лицата над 73 години.

Според Филипче со денешната имунизација целосно се троши пратката од „спутник“, и дека речиси е половина е искористена и донацијата од 1.000 дози од кинеската на „Синофарм“ од Обединетите Арапски Емирати. Во понеделникот стигнаа 10.600 вакцини на „Фајзер“.

-Денеска добивме листа од ‘Фајзер’ дека во текот на мај, секој понеделник ќе стигаат по 5 до 7 илјади вакцини за да се стигне до вкупната бројка од плус 10 илјади вакцини, изјави Филипче.

Во земјава досега се вакцинирани 44.974 граѓани, а пријавени се 192.459 граѓани.