Кинеското Гран-при 2020 во Формула 1 откажано поради коронавирусот

EPA/SRDJAN SUKI

Федерацијата на спортови во Шангај издаде официјална изјава во која се вели дека сите големи спортски настани во регионот се откажани се додека не се искорени епидемијата на коронавирус.

Така, кинеското Гран-при е официјално откажано од локалните власти.

Во исто време, Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и раководството на Формула 1 сè уште не дадоа официјални изјави за откажување или одложување на натпреварот.

Претходно беше откажано Гран-при на Кина во Формула Е шампионатот.