Кинеското индустриско производство пораснало во април првпат годинaва поради ублажување на мерките за сузбивање на епидемијата, но потрошувачката е повторно намалена бидејќи населението стравува од губењето на работните места.
Индустриското производство пораснало во април за 3,9 отсто на годинишно нивo, покажаа податоците објавени во петокот, надминувајќи го очекувањетo на западните економски аналитичари кои предвидуваа 1,5-процентен раст. Во март таа ослабе за 1,1 отсто.
По повеќемесечниот застој Кина повторно ја отвора домашната економија, имајќи предвид дека заразата е под контрола во континенталниот дел од земјата. Резултат од тоа е растот на производството на нафтата, јагленот, металите и електричната енергија во април.
Предизвиците во секторот услуги и натаму се големи, особено во малопродажбата, како што покажува и падот на прометот во април за 7,5 отсто. Аналитичарите очекуваа дека овој показател да се намали за 7,0 отсто. Со тоа е продолжен падот од првите три месеца годинава, кога продавниците и рестораните во целата Кина беа затворени.
Пред годишното заседание на парламентот следната седмица, политичарите особено ги загрижува можниот скок на невработеноста која би претставувала голем предизвиј за земјата со 1,4 милијарди жители.
Портпаролот на Националниот завод за статистика, Лиу Ајуа изјави дека притисок на невработенсота и натаму е „релативно голем“. Регистрираната стапка на невработеноста изнесувала во април 6 отсто и била малку повисока отколку претходниот месец. Притисоците на невработеноста веројатно ќе ги оптоварат финансиите на домаќинствата и ќе ја намалат потрошувачката во претстојниот период, проценуваат аналитичарите на агенцијата Reuters.