Кинези бркале муштерија со сатар зашто не платил сметка во ТЦ „Лептокарија“

Министерството за внатрешни работи ја расчистува бркотницата во трговскиот центар „Лептокарија“ во која маж и жена Кинези бркаа со сатар во рацете муштерија кој се пожалил на висока сметка во ресторан.

Неколкумина минувачи се обидоа да ја спречат тепачката но без успех.

Случајот, според МВР, е документиран и се работи на негово расчистување.

Претпладевно на Фејсбук скопјанец објави видеа на кои се гледа како двајца Кинези, маж и жена бркаат друг маж. Жената во раката држи нож. Во текот на денот видеата беа отстранети од социјалната мрежа.

Засега, нема повеќе детали за случајот.