Кинезите кончено го откупија грчкото пристаниште Пиреј

Грчката агенција за приватизација во средта ја прифати понудата на кинеската компанија Коско груп за купување на 67 отсто од пристаништето Пиреј. Понудата била прифатена откако фирмата го зголеми понудениот износ на 368, 5 милиони евра.

Кинеската компанија била единствена што дала обврзувачка понуда за најголемото грчко пристаниште минатата недела, а грчката Агенција потоа барала подобрена понуда, пренесува АНА.

Покрај купувањето на 67 отсто од пристаништето Пиреј, Коско дадее ветување дека во следните пет години ќе вложи 350 милиони евра.

Новата грчка влада минатата година донесе одлука за да ја прекине приватизацијата на пристаништето, што предизвика гнев од кинеска страна.

Министерството за трговија на Кина тогаш соопшти дека е „мошне загрижено“ поради прекинот на приватизацијата и потсети дека кинеската групација КОСКО договорила со претходната влада во Атина дека ќе го откупи мнозинскиот дел на пристанишното претпријатие.