Кинезите се светски шампиони во плаќање сметки преку мобилен

Повеќе од половина милијарда луѓе во Кина годинава ќе плаќаат преку своите телефони во продавници, кафулиња и ресторани, според истражувањето на Digital Outlook.

На кинескиот пазар за апликации за плаќање доминираат големите играчи Alipay и WeChat Pay кои се широко прифатени од сопствениците на продавници, угостителите и потрошувачите.

Во земја каде што многу мали бизниси ги снабдуваат клиентите, користењето на кредитни картички никогаш не било широко прифатено, што довело до тоа бизнисите да го префрлат готовинското плаќање преку мобилни апликации.

Сепак, вкупната годишна вредност на трансакција по корисник во Кина е пониска од онаа во САД, Обединетото Кралство и Франција.

Се проценува дека еден просечен кинески потрошувач ќе потроши околу 1.100 долари преку апликации за плаќање во 2019 година, додека потрошувачот во Велика Британија речиси 3.000, а во САД – 2.400 долари.