​„Кино на отворено“ овој викенд во Кисела Вода

Викендов, Општина Кисела Вода ве поканува на „Кино на отворено”! Традицијата започната минатата година продолжува и годинава во паркот „Македонија”, веднаш до домот на култура “Билјана Беличанец”. Во сабота и недела, 26-ти и 27-ми август, со почеток од 20:30 часот ќе бидат прикажани по две епизоди од серијалот „Викенд на мртовци”,  потоа и филмот „Кајмак” во сабота и „Ах, љубов моја” во недела.

Бесплaтните филмски проекции на „Кино на отворено” се обезбедени од страна на Општина Кисела Вода во соработка со Авард Филм и Видео, „Банана филм”, како и со МРТВ и „Вардар Филм”.