Кипарската крајбрежна стража во вторникот собрала 137 мигранти на брод источно од островот, што е втора таквата операција во последните два дена, наведува агенцијата DPA.
Мигрантите тргнале од Либан и таму наскоро ќе бидат вратени, објави кипарското државно радио RIK повикувајќи се на крајбрежната стража. Меѓу Либан и Кипар постои договор за репатријација, се потсетува.
Крајбрежната стража објави дека околу 300 мигранти се спасени на 110 наутички милји, односно 204 километри, југоисточно од Кипар во понеделникот во голема заедничка операција со товарен брод кој пловел во таа област.
Според кипарската крајбрежна стража, сите мигранти се префрлени на товарниот брод со хеликоптери и чамци на крајбрежната стража. Се наведува, исто така, дека мигрантите на своето патување тргнале од Либан.
Засега не е познато од која националност се мигрантите, ниту на која локација прво ќе бидат префрлени.