![kirjos nik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/kirjos-nik.jpg?resize=696%2C396&ssl=1)
Австралискиот тенисер Ник Кирјос ја одби понудата од Србинот, Новак Ѓоковиќ за тренерски ангажман и место тоа му предложи на најдобриот светски тенисер да вечераат заедно.
Ѓоковиќ во средата на шега рече дека би сакал да му биде тренер на Кирјос и оти за време на нивната соработка австралискиот тенисер би освоил пет грен – слем титули, но наведе дека тоа „нема да биде евтино“.
Кирјос на понудата одговори преку социјалните мрежи,
„Хаха, место тоа одиме на вечера и пијалак“, наведе 27-годишниот Кирјос.
Двајцата тенисери во последно време имаат пријателски однос за разлика од минатото кога Кирјос честопати говореше за Ѓоковиќ во негативен контекст и во една прилика рече дека „не може да го поднесе“.