![кирацовски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/kiracovski.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Обезбедена е поддршката на минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацовски.
Со иницирање на уставните измени РМ станува дел од ЕУ и НАТО. Често ме прашуваат дали обезбедивте двотретинско мнозинство. Јас таа фраза обезбедени пратеници не сакам да ја користам, туку имам информации дека минимум 80 пратеници, впрочем и нешто над 80 пратеници, се уверија дека иднината на РМ е единствено во НАТО и ЕУ, а тоа е условено со Преспанскиот договор и уставните измени, што треба да се случат најдоцна до петок неделава, рече Кирацовски.