Кирацовски тврди дека не знаел за рекетот што го земал Боки 13

По два часа распит во Обвинителството за организиран криминал во средата, пратеникот и доескорешен потпретседател на владејачката СДСМ, Александар Кирацовски, за медиумите изјави дека дал исказ за „многу мал сегмент“ од истрагата во врска со случајот „Рекет“.

Кирацоски, и покрај мноштовото фотографии на социјалните мрежи на кои е во друштво со осомничениот Бојан Јовановски „Боку 13“, на новинарско прашање тврдеше дека не бил близок пријатек со сега притворениот директот на телевизијата 1ТВ, како и оти не посредувал за проектите за изградба на старечки домови.

Заедничките фотографии со првоосомниченот биле на барање на Боки 13 оти, како што рече Кирацовски, настанале зашто тој е пратеник и јавна личност и „многу луѓе бараат да се фотографираат“ со него.

Кирацовски повика на темелна и брза истрага за да не се прават, како што рече, дополнителни штети. Тој не се препознава во псевдонимот Кики, за кој новинарот Геровски пишуваше колумни. Кажа дека имал средба со Геровски на која новинарот наводно признал дека споменувањето на Кирацовски во колумните било „фаул“.