Кире Лазаров со четири гола ја отвори сезоната во Европската лига на ЕХФ

Францускиот ракометен тим на Нант со победа над Кокс од 40-28 го започна настапот во групната фаза на Европската лига на ЕХФ.

Гостите важеа за големи фаворити и тоа го потврдија на теренот на кој го надиграа противникот како во првото така и во второто полувреме.

Нант се избори за плус четири по првите 30 минути (18-14), предност која продолжи да ја зголемува и по паузата за убедлив триумф на крајот од 12 разлика. Нашиот репрезентативец и воедно селектор Кире Лазаров одигра без грешка и даде четири гола од четири обиди.

Нант во второто коло во ова натпреварување го дочекува германски Лемго.