Киргистанскиот претседател прогласи вонредна состојба

Киргистанскиот претседател Соронбеј Жеенбеков прогласи вонредна состојба во престолнината Бишкек нареди испраќање воени сили откако приврзаниците на спротиставените политички групации се собраа на улиците.

Новинар на Reuters во Бишкек слушнал истрели и видел како демонстрантите од ривалските групи фрлаат камења и шишиња едн на другите.

Вонредната состојба вклучува полициски час и строги безбедносни рестрекции, а ќе трае од 20 часот во петокот до 21-ви октомври, соопшти кабинетот на претседателот Жеенбеков.

Во соопштението не открива колку војници ќе бидат испратени на улиците во главниот град, но се наведува дека војската ќе користи воени возила, ќе вопостави конктролни пунктови и ќе спречува вооружени судири.

Жеенбеков претходно рече дека е подготвен да поднесе оставка кога ќе биде именувана нова влада. Но во државата владее политички хаос, откако изборната комисија ги поништи резултатите од парламентарните избори во неделата. Опозициските партии се во расправа меѓу себе откако ги преземаа владините згради.

Двете водечки личности на опозицијата во петокот се здружија за да му дадат поддршка на претходникот на Жеенбеков, Алмазбек Атамбаев, кој беше обвинет за органзирање криминална група и осуден на затвор, од каде без отпор беше извлечен во вторникот. Но нивните и приврзаниците на другите групации одржаа свои собири за кои политичарите сметаат дека би можеле да се претворат како во минатото во насилни судири.

Опозицијата е поделена на 11 партии кои всушност гио претставуваат интересите на регионалните семејни кланови во државата во којашто од 2005 година со протести и бунтови беа соборени двајца претседатели.

На парламентарните избори победија двете партии кои се сојузници на Жеенбеков, кои подоцна не се појавија во јавноста откако опозцијата започна да протестира. Според меѓународните аналитичари, тврдењата за потенцијално купување на гласвоите на изборите се веродостојни.