
Кирил Лазаров по завршувањето на играчката кариера во Нант, најверојатно ќе седне на клупата на новиот македонски машки суперлигаш Алкалоид, објави 24 ракомет.
Подолго време во ракометните кругови се шпекулираше со можноста Лазаров да се врати дома и да продолжи како тренер. Таквите информации се засилија последните недели, и од извори блиску до двете страни се тврди дека договорот меѓу клубот и Лазаров веќе бил постигнат.
Во следниот период треба да стигне и официјалната потврда, веројатно кога ќе завршат репрезентативните обврски на македонскиот селектор.