Кирил Миновски е назначен за нов директор на Управата за јавни приходи. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Горан Трајковски, кој заминува на друга функција.
Миновски е именуван за директор на УЈП на вчерашната владина седница, а доаѓа од позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат.
– Можам да потврдам дека на вчерашната владина седница Кирил Миновски е именуван за нов директор на УЈП. На досегашниот директор Горан Трајковски му истече мандатот и ние сме благодарни за неговиот ангажман, за придонесот кој тој го имаше во реализацијата на владината програма, реформите кои ги спроведе и резултатите на институцијата која ја раководеше. Планирано е соработката со господин Трајковски да продолжи на друга одговорна функција, изјави портпаролот на Владата, Александар Георгиев.
За нов в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат е назначен Виктор Дерменџиев.
На вчерашната владина седница Мими Ѓоргоска Илиевска е именувана за директор на