Агенцијата за филм, потврди за МИА Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.
– Таа досега беше директор на Кинотеката на Македонија, има огромно искуство во областа, член на бордот на директори на Светската федерација на филмски архиви и е македонски претставник во Еуроимаж, вели Ѓорѓиев.
Ѓоргоска-Илиевска доаѓа на позицијата на досегашниот директор на Агенцијата за филм Дарко Башевски на кого му истече мандатот на оваа позиција.
– Башевски постигна позитивни резултати и придонесе во поддршката на македонската филмска кинематографија каде што во изминатиот период се подржаа поголем број домашни играни, кратки, анимирани и документарни филмови, додаде владиниот портпарол.
На испразнетата позиција во Кинотеката на Македонија, Министерството за култура треба да назначи нов директор.